Руски тајни агенти заплениле луксузни часовници вредни милиони во Швајцарија

Агенти од руските тајни служби заплениле милиони долари вредни часовници од продавница од Швајцарија, како резултат на санкциите кои оваа земја ѝ ги нанесе на Русија поради војната во Украина. Ова во неделата го објави швајцарскиот весник NZZ am Sonntag.

Часовниците биле запленети претходно овој месец од локалната продужница „Одемер Пиге“, која се наоѓа во Москва. Оваа компанија е стара речиси 150 години и има семејна традиција на часовничари. Луксузните часовници од овој бренд обично чинат десетици илијади долари.

Руските власти ги навеле царинските прекршоци за заплената на саатите, но од швајцарското министерство за надворешни работи во доверлив меморандум, навел дека тоа најверојатно е арбитрарна репресивна мерка како реакција на санкциите.

За потсетување, Швајцарија на 28 февруари го замрзна својот историски неутрален статус како би ја санкционирала Русија поради инвазијата врз Украина. Ограничувањата вклучуваат и забрана на извоз на луксузна роба во Русија.

Русија е 17 најголем пазар за извоз на швајцарски часовници во 2021 година со испораки во вредност и до 260.1 милиони франки, односно 278.6 милиони долари, според Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници.

 

Scroll to Top