Руски ТВ-водител полуде во програма во живо кога сфати дека му ги одзеле двете вили во Италија

Поради санкциите што Европа ѝ ги воведе на Русија, во моментов имотот на руските граѓани е замрзнат. Па така, одлуката на Путин да ја нападне Украина, сега ја плаќаат руските олигарси и јавните, меѓу кои е и ТВ водител Владимир Соловиев кој збесна среде емисија во живо откако дозна дека му ги одзеле двете луксузни вили во Италија.

„Ми рекоа дека Европа е тврдина на човековите права, дека сè е дозволено. Од лично искуство знам за таканаречените свети имотни права. Ги купив, платив луди даноци, направив сè. И одеднаш некој одлучи дека овој новинар сега е на санкционираната листа. И тоа веднаш те погодува. Чекајте малку, па, рече дека во Европа тоа е сопственост на светци. Зошто? Затоа што си Русин“, вели водителот во својата емисија „Вечер со Владимир Соловиев“, пренесува News.com.

Тој потоа продолжи да се жали на одлуката на европските власти да ги затворат банкарските сметки на Русите во европските банки, додека во Велика Британија постои ограничување колку пари можат да имаат на нивните сметки.

Соловиев е само еден од многуте погодени од санкциите, чија цел е ослабување на руската економија. Тие влијаат на 70 отсто од рускиот банкарски пазар, енергетскиот сектор, авиокомпаниите, технологијата и визите. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ќе го прекине пристапот на руските банки до европскиот финансиски пазар.

 

Scroll to Top