Рускиот диригент Валери Гергиев доби отказ затоа што не ја осуди војната во Украина

Градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер го отпушти главниот диригент на минхенската Филхармонија, Русинот Валери Гергиев, затоа што одбил да ја осуди војната во Украина.

Тој рече дека не сакал да ја осуди затоа што бил премногу близок со рускиот претседател Владимир Путин. По неговата ваква одлука соработката со него ја прекинаа и голем број други културни установи во Европа. Тој и претходно беше познат по неговата лојалност кон Путин.

Диригентот ја поддржа анексијата на Крим и законите против ЛГБТ правата во Русија, а неговите настапи предизвикаа масовни протести во Њујорк.

 

Scroll to Top