На милијардерот Роман Абрамович, 13. најбогат човек во Британија, му истекла визата што властите им ја доделуваат на инвеститорите, а Би-би-си наведува дека обновувањето на истата ќе трае подолго од вообичаеното.
Би-би-си потсетува дека ова се случува за време на дипломатската напнатост меѓу Лондон и Москва, по труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија во Солзбери на 4 март.
Во врска со визата на Абрамовиќ, британскиот секретар за безбедност, Бен Волас, изјавил за Би-би-си дека нема да коментира поединечни случаи.
Од канцеларијата на Абрамовиќ стигнал сличен одговор. Неговата виза истекла пред три недели.
Известувачот на Би-би-си за внатрешна политика, Даниел Сендфор, навел дека Абрамовиќ води бизнис во Русија без мешање на Кремљ, што навестува дека Абрамовиќ е близок со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Тој нагласил дека не е во целост јасно дали доцнењето на неговата нова виза на кој било начин е поврзано со влошување на односите меѓу Британија и Русија.