Сандали за Нова година со кои ќе заблескате во полн сјај

Неколку пара чевли кои можат да ви го променат животот. Кери Бредшо ја докажа оваа вистина во текот на шесте сезони на серијата „Сексот и градот“ и немаме причина зошто да не ѝ веруваме.

Затоа, во нашиот арсенал мораат да се најдат модерни, сестрани, свечени, светкави сандали. Иако сандалите не се најидеални за зимската сезона, сепак многу модни куќи претставија прекрасни модели кои се идеални за најлудата ноќ во годината. 

Едноставни златни, виолетови, или модели со висока потпетица во диско стил се идеални за вашиот празничен изглед.

Scroll to Top