83-годишниот Харолд Холанд и 78-годишната Лилијан Барнс се венчале 1955 година, а се развеле во 1967 година. Според Харолд, причина за разделбата била неговата работа, која го држела подалеку од семејството. Тоа довело до развод, по што Лилијан останала да ги чува нивните 5 деца, пишува „Лексингтон хералд ледар“.
„Вината беше 100 отсто моја“, рекол Харолд.
Откако се развеле, двајцата си нашле нови партнери. Меѓутоа, во 2015 година им починале сопружниците и на Лилијан и на Харолд. Набрзо по смртта на нивните нови сопружници, Барнс и Холанд повторно се сретнале. Тие лани во декември се венчале пак, половина век откако се развеле.
За „Лексингтон хералд ледар“ Харолд рекол: „Што ќе биде овој пат поразлично? Ќе правиме сé што сакаме да правиме, и кога сакаме да го правиме. Ќе ја одведам таму каде што сака да оди“.