Сенида, Сара Јо и Зои на Стадионот на АРМ во Скопје

„Аволон продукција“ најави на Фејсбук дека на 9 септември на Стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи Рап & Трап Фестивал, каде ќе настапат неколку актуелни регионални ѕвезди од областа на поп, рап и трап музиката: Сенида, Кукус, Фокс, Соријал, Сара Јо и Зои.

„Со задоволство сакаме да ви ја најавиме летната концертна фестивалска забава со настап на водечките регионални поп, рап и трап ѕвезди во моментов. Овој состав од артисти, кој патем произлегува од една од најголемите регионални издавачки куќи ‘Басивити диџитал’, за првпат ќе настапи во иста вечер, на иста сцена во Македонија, по своите настапи на најголемите регионални фестивали, како EXIT, LOVE FEST, SEA DANCE итн“, стои во објавата на Аволон.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во среда наутро, а во продажба ќе бидат само 3.500 влезници, на капацитет од 10.000 посетители.

Продокуцијата потенцира дека настанот ќе се одржи согласно протоколите кои ќе бидат актуелни во време на одржување на фестивалот, одобрени од Министерството за здравство и Владата.

Scroll to Top