Шик-торби од „Зара“ од колекцијата пролет/лето 2020

Еве ги најмодерните торби за новата сезона која ни го носи популарниот бренд „Зара“.

Новата сезона се приближува, а ова е сјајна можност да си ја освежите гардеробата. Редовно ви ги претставуваме новите трендови за сезоната пролет/лето 2020, а сега е време и за конкретни модели од „Зара“ кои вреди да си ги купите!

Меѓу нив, нешто и за љубителите на елеганцијата, спортскиот стил, гламурот, ретро и бохо-стилот.

Торба во ретро-стил

Ретро-стилот ќе биде многу модерен во новата сезона. Оваа торба е елегантна, класична и совршено се вклопува во многу стајлинзи. Одбравме торба од кожа во боја на карамел. Моделот има влечатливо златно закопчување. Може да ја носите и како клач.

Црна торба за половина

Црната торба е изработена од ткаенина со сјаен финиш. Има практични џепови кои ќе ги држат потребните мали предмети. Можете да ја носите на рамо или на колкови. Одлично се вклопува во лежерен и спортски стил, но… стилистите предлагаат да ја носите и со фустан.

Металик чанта

Во пролет-лето 2020 гламурот се враќа. Светкавите парчиња нема да ги носиме само навечер, туку и секој ден. Оваа чанта му одговара на урбаниот стил. Им одговара на фармерките, бомбер-јакните и патиките. Она што е важно, доволно е голема за да ви ги собере сите важни работи.

Бохо-чанта

Кожена, кафена торба во облик на вреќа со привлечни црни реси. Совршен додаток од етеричен цветен фустан, антилоп чизми или тексас јакна. Овој модел ќе биде актуелен по летните фестивали.

Торба со животински принт

Еве чанта која совршено комбинира два важни тренда. Дизајнерите промовираат мини торби, токму оние во кои ги ставите само највредните работи. Моделот од „Зара“ има многу модерен животински принт, односно релјефна кожа.

Scroll to Top