Шминка за есен 2019 : Пет најважни мејкап трендови

Со доаѓањето на новата сеоза, дизајнерите, шминкерите и стилистите диктираат главни трендови инспирирани од светските писти.

Инспирирани од ревиите на најголемите светски брендови, припремивме топ 5 најнови трендови за убавина во есен.

Откријте ги во продолжение.

Природен мејкап

Нежната шминка секогаш е во тренд: природноста, минимализмот во изборот на козметика, нијансите на беж и розова, повторно можат да се приметат на модните писти на модните куќи како што е Шанел. Главната предност во шминката во природниот стил е тоа што совршено им прилега на сите жени, без разлика на обликот на лицето и годините.

Меѓутоа, постојат неколку правила за ставање на таквиот мејкап изглед: видливо хидрирана кожа, ефект на природно нагласени веѓи, светлото руменило на образите и нијанси на беж на усните. Покрај тоа, техниката на нанесувањето на шминка само со една боја е во мода. Се состојат од фактот дека една нијанса се нанесува на усните, очите и образите.

Таквиот мејкап изгледа многу природно и може да се изврши со еден мејкап производ: кармин или сјај за усни, или крем руменило.

Црвени усни

Долги години црвените усни се главен тренд. На пистата Фенди и Луис Витон експериментираа со различни нијанси на црвена боја. Меѓу другото, црвениот кармин им одговара на сите жени, а најважно е да се пронајде совршената нијанса!

Дебела линија на ајлајнер

Посебно е популарна оваа сезона исто така дебелата линија на ајлајнер во стилот „мачешко око“ и силно нагласената линија на окото во стилот на 90-тите. Користете црни сенки, моливи или течен ајлајнер за да добиете густа зацртана линија.

Таквата шминка ќе го направи вашето лице поекспресивно, а очите – уште посветли.

Сини и виолетови нијанси

Сините и виолетови нијанси од време на време доживуваат голем камбек. Оваа сезона повторно се враќаат. Не се плашете да експериментирате со нијанси, текстури и комбинации на бои. Виолетовата нијанса и розовиот кармин во стил на Барби повеќе не укажуваат на недостиг на добар вкус.

Инспирација за таквата смела шминка можевме да видиме на ревиите на Валентино и Муглер.

Светкав мејкап

Космичкиот сјај е еден од главните трендови оваа сезона. Сјајната шминка е многу убава, но треба внимателно да се нанесе. Благодарение на вешатата употреба на сјајот, вашата кожа ќе има племенит сјај и ќе изгледа поелегантна.

Вакавата шминка беше главен елемент на модните писти на дизајнерите како што се Ирис ван Харперн и Дрис Ван Нотен.

Scroll to Top