Шоуменот Адам Севиџ, познат како водител на популарната емисија „Разбивачи на митови“ (MythBusters) е обвинет дека ја силувал својата сестра, Миранда Пакчијана. Таа тврди дека ја силувал и сексуално ја злоупотребувал во 1970-тите години, кога тој имал меѓу 9 и 12 години, а таа меѓу 7 и 10 години. Обвинението е поднесено пред њујоршкиот Акт за деца жртви, што гарантира дека случајот нема да биде прогласен за застарен.
Миранда во тужбата навела дека тогаш тој дури и се нарекол себеси „борачот силувач“, но и дека сѐ што ѝ се случувало како дете, оставило „катастрофални и трајни повреди“ кај неа.
Севиџ (53) ги отфрли наводите на неговата сестра.