Првото вапсано јајце во домаќинството се нарекува чуваркуќа бидејќи, како што самото име говори, ги чува куќата и домашните од болести и секакво зло.
Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.
Првото црвено јајце се чува до икона до следниот Велигден. Кога следната година ќе вапсаме ново јајце, старото се пушта низ река за водата да ги однесе злото, болестите, целата несреќа што првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.
Други обичаи кажуваат дека првото велигденско јајце од лани треба да го закопате во земјата. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, но не мора.
Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.