Што да облечете кога немате идеја и инспирација

Ви откриваме неколку идеи што да облечете во оние денови кога мислите дека немате што да облечете.

Колку ви се случило да го отворите плакарот, а да немате што да облечете. Вашата омилена гардероба е во корпата за валканa облека, а останатата ви се чини досадна, а покрај сѐ, вие брзате бидејќи сте се договориле да излезете во одредено време кое наближува.

Ќе почнеме со здолништата: долги, кратки, со колан… сигурно имате барем едно такво, нели? Значи, комбинирајте го со тексас кошула, за лежерен изглед, со блуза доколку се работи за неформален повод или со сандали и други летни обувки. Уште ви останува да додадете некои едноставни аксесоари.

Лежерен стил со фармерки

Бидете искрени, иако мислите дека во вашиот орман нема ниту едно парче облека кое ви се допаѓа, сигурно можете да „ископате“ некои фармерки, кои убаво во стојат. Убавината на фармерките е во тоа што се вклопуваат во речиси со сѐ и во секоја пригода.

Само уште ви преостанува да ги искомбинирате со некоја асиметрична блуза, црн топ, кој е доста популарен во последно време или со белка јакна и чевли на потпетица за да додадете на својот изглед нота на елеганција. Едноставно и тренди.

Модерна црно-бела варијанта

Со црната боја никогаш не може да згрешите, а во комбинација со белата е вистинска добитна комбинација. Облечете се скроз во црно или нека биде тоа мешавина од црна и бела боја, рамномерно распоредени. Фустан или блуза во комбинација со панталони и тренди јакна, чизми над колена… опциите се безгранични.

Одеднаш ќе забележите дека вашиот орман и не е така досаден како што сте мислеле. Не заборавајте на моќта која ја имаат аксесоарите. Тие се оние кои прават битна разлика.

Комбинации со бела блуза

Истото што важи за фармерките, важи и за белата блуза. Сигурно имате во својот гардеробер бар една блуза со обичен крој во бела боја. Знајте дека ова парче гардероба е екстремно добро за комбинирање.

Можете да го пикнете во панталоните со висока половина, можете да наметнете црно палто и рамни чевли, кои се во некоја „пожива“ боја или можете да облечете само бела блуза, без додавање на јакна, палтоили блејзер, со цел да ја истакнете вашата линија на половината.

Комбинации со асиметрична блуза

Имате многу различни комбинации со асиметрична блуза. Тие можат да ви послужат за лежерна и за поотмена варијанта.

Имено, ако ги комбинирате со фармерки со рамен крој и рамни чевли, ќе добиете лежерна варијанта. Во комбинација со тенка потпетица, ќе изгледате отмено и женствено.

Кожена јакна

Кожената јакна е секогаш во мода, притоа е многу важно да е едноставна за комбинирање. Идеално се согласува со едноставно здолниште и дебели чорапи и чевли со коцкеста потпетица.

Фустани

Сигурни сме дека фустаните се задолжителен дел од вашиот орман. Само е потребно да употребите малку повеќе фантазија за да ги видите во поинакво светло.

Долгиот фустан, до под, искомбинирајте го со летни чевли или сандали со плута. Доколку имате едноставен и еднобоен фустан, ставете ѓердан со долг синџир и упадлив медалјон со силни бои.

Scroll to Top