Што е емоционална интелигенција и зошто е толку важна?

Кога е во прашање нашето IQ, сите знаеме приближно колкаво е благодарение на многубројните тестови.

Но, кога станува збор за емоционалната интелигенција многу занемуваат и не се сигурни воопшто што претставува таа и какво е нејзиното значење. Нејзиното мерење е  потешко и треба да се знае дека е многу важна за личниот, но и за персоналниот успех. Во продолжение ќе ви ги откриеме сите детали.

Емоционалната интелигенција, или скратено EQ, е начинот на кој индивидуата ги контролира своите емоции и реагира на емоциите на другите луѓе. Иако овој термин за првпат се појавил  во весниците во 1964 година, сепак, интересирањето за него почнало дури во 1995 година, кога е објавена книгата на Даниел Големан „Емоционална интелигенција: Зошто е побитна од IQ?“.

Живееме во општество во кое константно се форсира комуникацијата со другите луѓе – без разлика дали ние го сакаме тоа или не. Луѓето кои имаат поголемо EQ се подобри во контролирањето на конфликтите, разбираат и реагираат на потребите на другите и не дозволуваат  да ги обземат емоциите.

Што одликува EQ кај една личност? Според моделот на Големан, постојат пет клучни работи кај EQ:

  1. Самосвест – познавање на емоциите, силата, слабостите и препознавање на влијанието на другите
  2. Самоуправување – без разлика колку добро го организирате вашиот живот, секогаш постојат некои пречки. Самоуправувањето вкучува и контролирање и пренасочување на лошите емоции и импулси и прилагодување на променетите ситуации.
  3. Мотивација – според Големан, личноста со високо EQ е  повеќе мотивирана од чувството на успех, отколку од паричните награди или подобриот статус
  4. Емпатија – за разлика од сите други делови, ова е едниствената работа што се врзува со емоциите на другите луѓе. Емпатијата значи да ги земете предвид чувствата на другите, особено при донесувањето одлуки.
  5. Општествени вештини – интеракција со другите луѓе

Како да се подигне нивото на EQ?

Постојат два начина. Првиот е да станете свесни за тоа како да се справувате со сопствените емоции. По стресниот ден на работа, дали се гасите, дали сте бесни или едноставно се смирувате и продолжувате понатаму со денот? Еднаш кога ќе сфатите како реагирате на работите, најдобро би било да промените сѐ што не ви се допаѓа кај вас. Другиот начин е да ги прашате личностите околу себе што мислат за вас. Може нема да го кажат тоа што сакате да го слушнете, но ова е најдобриот начин да добиете вистински и искрен одговор на вашето однесување кое ќе ве мотивира да се промените на подобро и да сфатите каде грешите.

Scroll to Top