Штрапаријада во Сарај: Натпревар на коњи во влечење трупци и награда од 1.500 евра

В недела, на 27 март, ќе се одржи штрапаријада во село Сарај, општина Босилово. Ова е настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до три тони. Овој настан почна во 2006 година во Босна, а набрзо се прошири и во Србија и Хрватска. Главното правило е да се доведат трупците до целта.

Турнирот ќе почне во 11 часот и е во  организација на Ѓоко Мирчев  и неговиот син Боро Џоканов. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава. Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот.

Тешка категорија: Од 600 до 1.000 килограми, големина на труп 1.6 кубик, награда за прво место 1.500 евра.
Средна категорија: Од 450 до 550 килограми, големина на труп 0.90 кубик, награда за прво место 300 евра.
Лесна категорија: Од 350 до 450 килограми, големина на труп 0.65 кубик, награда за прво место 150 евра.

Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.

Влезот на овој турнир ќе изнесува 100 денари, а водител ќе биде Станислав Јакица.

Scroll to Top