Сите 12 деца и тренерот спасени од пештерата на Тајланд

Со ракоплескање и овации, собраните пред пештерата на Тајланд го прославија извлекувањето на сите 12 момчиња и нивниот тренер, пишуваат светските медиуми.

Денеска беа извлечени последните четири момчиња, меѓу кои и најмладото, кое има само 11 години, и нивниот тренер. Тренерот последен бил извлечен од пештерата. Според тајландската морнарица,  по спасувањето на 12-те деца и нивниот тренер во пештерата и понатаму се наоѓаат тројца нуркачи и лекарот кој се грижеше за младите фудбалери во текот на претходните денови.

Момчињата со хеликоптер се пренесени во болница во градот Чианг Раи. Младите фудбалери и нивниот тренер беа заробени во пештерата од 23 јуни.

 

Scroll to Top