Колку се постари, толку е поголем уделот на оние што не користат интернет, а повеќето од нив, околу 21 процент, се лицата меѓу 65 и 74 години, покажуваат податоците од минатата година.

Осум отсто од граѓаните меѓу 55 и 64 години не се онлајн, а најмногу три отсто од оние помладите од 55 години.

Животот без интернет стана потежок за време на пандемијата, потсетуваат статистичарите.

Дигитален сертификат за вакцинација, на пример, беше потребен на многу места, како и онлајн-распоредот. Во Европската Унија минатата година осум отсто од луѓето не користеле интернет.

Сепак, разликите меѓу земјите членки се големи, објаснуваат од институтот. Во Ирска, скандинавските земји, Холандија и во Луксембург уделот на оние што никогаш не користеле интернет, а се на возраст меѓу 16 и 74 години, бил помалку од пет проценти.

Од друга страна, 20 отсто од Грците, 17 отсто од Бугарите и 16 отсто од Португалците живееле без интернет овие години.

Според процените на Меѓународната агенција за телекомуникации на ОН, 37 отсто од светското население никогаш не користеле интернет, што е околу 2,9 милијарди луѓе во светот.