Сладоледите „Милка“ и „Кит Кат“ се повлечени од продажба, оние кои ги купиле да не ги јадат оти не се безбедни

Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека од пазарот итно ќе се повлечат неколку вида на сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.

Се повлекуваат и отповикуваат сладоледот „Кит-Кет“ на стапче, сладоледите „Милка“ од ванила и чоколадо на стапче, како и сладоледот „Милка“ од лешник на стапче.

Сладоледите со потекло од Франција и Полска се повлекуваат поради потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Сладоледите се увезени во земјава од компанијата „Алма М“, која е увозник и дистрибутер на производите.

„Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот.

Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, стои во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму апелираат потрошувачите кои ги имаат имаат купено горенаведените производи да не ги конзумираат, туку да ги вратат на местото каде што ги купиле или да ги уништат.

Scroll to Top