Со години не купувам нова гардероба, ја позајмувам, вели Грета Тунберг за скандинавскиот „Вог“

Шведската активистка Грета Тунберг се појави на насловната страница на првото скандинавско издание на модниот магазин „Вог“. Таа позира во облека изработена од одржливи, рециклирани материјали, објави списанието.

Во интервју за „Вог“ таа изјави дека со години не купувала нова облека.

„Јас последен пат купив нешто ново пред три години, половно. Сега само позајмувам работи од луѓе што ги познавам“, вели таа.

Тунберг вчера ја сподели корицата од модното списание на социјалните мрежи и ја искористи можноста да ја критикува брзата мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greta Thunberg (@gretathunberg)

„Модната индустрија придонесува многу за климатската и за еколошката криза, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз голем број работници и заедници што се експлоатирани во целиот свет за некои да уживаат во брзата мода, која многумина ја третираат како за еднократна употреба“, напиша таа во објавата на „Инстаграм“.

Тунберг вели дека некои компании користат скапи кампањи за да остават впечаток дека се грижат за животната средина, но всушност ништо позитивно не прават за неа, туку ја злоупотребуваат зелената слика.

 

Самиот магазин во соопштението наведе дека ги споделува вредностите на младата климатска активистка за одржлив живот и заштита на животната средина.

Scroll to Top