Со новата мобилна апликација ќе ги следите само оние вести што ве интересираат

Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.

Новата мобилна апликација ви овозможува:

  • Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно.
  • Да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат.
  • Да не прелистувате реклами што ве нервираат.
  • Да биде главен и одговорен уредник на вашите вести.
  • Да креирате сопствени категории спoредвашите интереси.
  • Да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
  • И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.

Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани. Со само неколку клика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.

Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.

Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за  иновации и технолошки развој (ФИТР).

Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари.

Scroll to Top