Совети ако првпат вапсувате велигденски јајца

Ако досега не сте вапсувале велигденски јајца, имаме неколку едноставни совети што ќе ви помогнат лесно и успешно да ги бојадисате јајцата.

Најпрво, одберете тазе јајца. За да дознаете дали јајцата се свежи, ставете ги во сад со студена, солена вода. Ако потонат, тоа значи дека се свежи.

Јајцата во текот на варењето пукаат, па за да го избегнете пукањето, во водата ставете лажичка оцет.

Препорачливо е јајцата да ги варите 12 минути од моментот кога ќе почне да врие водата. Штом ќе се сварат, ставете ги во ладна вода. Овие јајца потоа ќе ги лупите полесно.

Пред бојадисувањето јајцата можете да ги пребришете со крпа натопена во оцет. Бојдисаните јајца на овој начин ќе добијат сјај. Боите на јајцето ќе бидат посилни ако по вапсањето ги премачкате со малку масло.

Scroll to Top