Совршен новогодишен подарок за секој хороскопски знак

Ако не знаете што да им подарите на пријателите или на најблиските за новогодишните празници, одберете подарок според хороскопскиот знак.

Овен
Не можете да погрешите при изборот доколку одберете нешто за нега на коса.

Бик
Претставниците на овој знак се сензуални, сите сакаат убаво да мирисаат, па затоа сакаат ароматични парфеми.

Близнаци
Идеален подарок за нив е книга од нивниот омилен писател, или брендирани очила за сонце.

Рак
Што и да му подарите на ракот, спакувајте го внимателно за да му покажете дека се грижите, а оставете ги без здив и вметнете порака со неколку убаво напишани зборови.

Лав
Лавовите ја ценат убавината и хедонизмот, а исто така и уметноста, па сигурно ќе бидат задоволни од билети за некоја претстава или кино.

Девица
Девиците сакаат не само убави, туку и практични подароци, така што секој што сака да ги израдува нема да згреши ако им подари рачен часовник.

Вага
Елегантни и уживаат во сè што е убаво, но вагите и не пребираат многу, па можете да им купите што и да посакате.

Скорпија
Тие бараат премногу, така што секој што сака да ги импресионира скорпиите мора да даде сè од себе, а притоа подарокот да е и убаво спакуван.

Стрелец
Како љубител на патувања и далечни земји, музика и спорт, идеален подарок за нив е ориентален и уникатен сувенир.

Јарец
Јарецот сака подарок што е практичен, па добар избор за нив е историска книга.

Водолија
Со овој знак управува Уран, симболот на новитети, па ако навистина сакате да ги оставите без здив, изберете нешто модерно.

Риби
Овие романтични луѓе сакаат внимание, а може да им купите приврзок во форма на риба.

Scroll to Top