Совршени комбинации за празничните денови

Празници на модата и стилот…

Шопинг, спремање оброци, пакување подароци, декорирање на домот, незавршени обврски, гости…

Ваквиот начин на трошење во празничниот декември не остава многу време за планирање на стајлингот. Во продолжение ви претставуваме 7 идеи за совршени стајлизи во текот на сите празнични денови.

Крзнен капут + панталони со змиски дезен

Кога носите таква смела комбинација, таа ќе говори за вас. Комбинирајте капут со змиски дезен, кои можат да се носат дури и по свечените сезони (со или без црвена бунда).

Фустан од кадифе + металик сандали

Широкиот фустан со кратки ракави е удобен и лесен за носење. Комбинирајте го со празнични металик чевли.

Светкаво здолниште + џемпер + капут

Ви ја претставуваме совршената комбинација за деловната забава. Светкавото здолниште ќе го разубави вашиот секојдневен џемпер и капут, така што не морате да се пресоблекувате кога ќе ја напуштите канцеларијата и ќе отидете на забава.

Црвен џемпер + шарено здолниште + беретка

Ниту една боја не е толку божиќна колку што е црвената, па малку поиграјте си со неа и облечете ја од глава до петици. Не сакате потполно еднобоен изглед? Лесното здолниште со интересен дезен ќе ви помогне да ја разбиете монотонијата,

Предимензионален џемпер + интересни широки панталони

Доказ дека не мора да носите црвено или зелено за да изгледате свечено. Ставете светкави обетки и појдете до подиумот за играње.

Светкав миди фустан + џемпер

Облечете џемпер под фустанот за да создадете сосема нов изглед со оваа светкава текстура. Ќе добиете дополнителни поени доколку облеката е во божиќни нијанси.

Кадифен комбинезон + металик чанта

Комбинезоните без сомнеж се најлесниот начин да засветкате во текот на празниците.

Scroll to Top