Српски пејач го касна пчела додека пеел во емисија во живо

Пчела го касна српскиот пејач Ибро Селмановиќ за време на снимање на емисија во живо. Пчелата го боцнала српскиот фолкер за крајникот додека пеел, пренесуваат српските медиуми.

Селмановиќ им дал знак на организаторите на емисијата „Шареница“, која се емитува на РТС, дека му е потребна помош. Кога пчелата го боцнала, се фатил за грло. Се обидел докрај да ја заврши песната, но почнал да се гуши.

Организаторите морале веднаш да интервенираат, пред да стигне итната помош. Селмановиќ по неколку часа во болница, бил пуштен на домашно лекување.

 

 

Scroll to Top