Српски старлети имале оргии во хотел во Македонија, а меѓу клиентите имало и јавни личности

Изминатиов период во Србија не престанува да се зборува за аферата со елитните проституки. Па според последните пишувања на тамошните медиуми, и во Македонија се случувале оргии со познати старлети и ѕвезди од реални шоу програми.

Извори од српското Министерство за внатрешни работи за „Република.рс“ изјавиле дека на 26-ти март шест девојки со два автомобили од Србија заминале во Македонија, во хотел во близина на грчката граница, каде ги чекале клиентите на кои им пружиле сексуални услуги. Откако порталот дошол до пораките преку кои клиентите нарачувале услуги, случајот почнал да се отплеткува, а девојките од каталогот биле уапсени.

Според нив, Марија Халас потврдила дека се занимава со проституција и детално опишала со кои девојки имала оргија во Македонија, но исто така открила и колку заработила. Таа открила дека нејзиниот макро Душко Бањац, но и Ана Марија Кикош, која исто е обвинета дека работела како макро, им нашле клиенти во Македонија, по што заминала на пат со Ружица Вељковиќ, поранешна манекенка и победничка на реалното шоу „Парови“ (2016), Дијана Трипуновиќ, Мартина Рајиќ, Ивана Бириња и девојка по име Теа. Тие првин се забавувале и пиеле, но нејзиниот клиент толку многу се напил, што на крај не ни била интимна со него.

Ружица Вељковиќ

Халас исто така открила дека се занимава со проституција бидејќи имала богати момци со кои живеела на висока нога. Како што и самата призна, клиентите кои сакале да им пружат сексуални услуги за пари доаѓале преку Душко Бањац, Ана Марија Кикош, Јелена Јојиќ, Душица Грабовиќ и Софија, т.е. девојка која им се претставила како Софија, а всушност тоа била извесна Маријана.

Како што дознава Република.рс, се чека вештачење на телефоните. Националниот центар за форензика ги заплени телефоните и многу брзо ќе се знае кој комуницирал со макроата и користел услуги. Ова вештачење е многу важно бидејќи постои сомневање дека многу познати личности ги користеле услугите и дека сите ќе ѝ бидат познати на полицијата по вештачењето, кое вклучува преземени пораки, повици и фотографии што ги размениле. Според порталот, српското МВР веќе има информации дека многу познати јавни личности биле во комуникација со макроата и проститутките.

 

Scroll to Top