Дејл Шредер, столар од Ајова, ја работел оваа работа 67 години. Поголемиот дел од својот живот носел два пара сини фармерки, еден за црква и еден за работа, а возел зарѓосан камион Шевролет. По неговата смрт во 2005 година, успеал да испрати 33 непознати лица на колеџ.
Како млад, Шредер бил сиромашен и немал можност да учи, па сакал да им помага на луѓето кои се во слична ситуација како него. Работел напорно, но штедел многу. За време на неговиот живот, тој заштедил 3 милиони долари, кои ги сочувал за некоја повисока цел.
Минатата година таа мисија завршила кога Кира, жена која сакала да биде терапевт, била подготвена да се откаже од своите соништа, но добила повик дека целата сума од 80.000 долари ќе биде уплатена на нејзината сметка.
Бидејќи Дејл немал деца, сега 33 луѓе кои станале учители, лекари и други професионалци се нарекуваат себеси „деца на Дејл“. Па така лани се собрале сите деца, за да му оддадат почит на овој голем човек кој цел живот живеел скромно.
Темата на разговор била како еден човек, кого никогаш не го сретнале, влијаел врз нивните животи. И како тие исто така ќе влијаат врз другите на слични начини, бидејќи само така ќе му се оддолжат за ова дарежливо дело.