Дизниленд во Париз доби нов тематски парк, посветен на супехероите на Марвел. Паркот е работен со ликовите од филмот „Одмаздници“, а чини 2,5 милијарди долари. Слични паркови има во Дизниленд во Калифорнија и во Хонг Конг.
„Среќни сме што ‘Одмаздници’ првпат се собраа во Париз. Тие се тука за да ги изненадат посетителите со неверојатна акција и со неверојатни специјални ефекти“, рече на отворањето на тематскиот парк директорката на европскиот Дизниленд, Катерина Пауел.
Преуредувањето на паркот „Волт Дизни студиос”, еден од двата тематски парка што го сочинуваат Дизниленд во Париз, ќе се одвива во фази. Освен „Одмазници“ ќе има и дел за франшизите „Ледено кралство“ и „Војна на ѕвездите“.