Столбот на животот или столбот Качи е природен варовнички монолит шо се наоѓа во истоименото село во западниот дел на Грузија. Во моментот еднинствениот жител на карпата има 62 години. Тоа е свештеникот Максим Кавтарадзе, кој направил импровизирани скали со помош на кои двапати неделно се симнува и се качува на столбот на животот. Со храна се снабдува со помош на ќерка си.
Столбот е висок 40-ина метри, а на врвот се наоѓаат остатоците од црквата посветена на свети Максим, која потекнува од 9 или 10 век. Покрај неа, на врвот на карпата се наоѓаат и винарска визба и остатоци од некогашна тврдина. Целиот простор на врвот зафаќа 150 квадратни метри.
До горе нема лифт, посетителите може да се искачат само пеш. Поради непристапниот терен, првото регистрирано искачување било во 1944 година кога планинарите Александар Јапардзе и Леван Готау на врвот го пронашле телото на претходниот жител на карпата.
Се претпоставува дека местото било наменето за тивка молитва, наменета за аскетите што сакале да се одвојат од остатокот од светот.
Поинтензивни истражувања биле спроведени меѓу 1999 и 2009 година кога објектите биле повторно изградени со помош на Националната агенција за заштита на културното наследство на Грузија.