Властите во Тајланд упатија порака до сите да носат маски за време на секс. Тие им препорачаа на сите парови да ги носат маските и да се воздржат од бакнувања за време на сексот. На овој начин веруваат дека ќе го намалат ризикот од ширење на коронавирусот.
Властите се загрижени поради растечкиот број на заразени, а сметаат дека на 14 февруари, за Денот на вљубените, оваа бројка ќе се зголеми. Од таму велат дека романтичните празници се популарни во Тајланд и многу парови сакаат да се венчаат на тој ден.
„Ковид-19 не е сексуално пренослива болест, но можно е да се зарази со дишење и близок контакт и размена на телесни течности“, објасни за агенцијата АФП директорот на Канцеларијата за репродуктивно здравје, Буњарит Сукрат.
Затоа, како што вели, носењето маска за лице за време на секс може да го намали ризикот од зараза. Тој ги советуваше паровите „да ги избегнуваат сексуалните пози лице в лице“.