Театар Комедија и Општина Центар во заедничка акција за помош за соседна Албанија

By

Од вечерва во фоајето на Театар Комедија ќе бидат поставени кутии за донации за повредените и настраданите во земјотресот во Албанија. Во оваа акција, покрај вработените во Театар Комедија, се вклучи и Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ. Средствата ќе бидат уплатени на жиро-сметката на Црвен крст на РСМ која е отворена за помош на настраданите во Република Албанија. Жиро сметка: 300000001327966

dobivaj vesti na viber

Кутиите ќе бидат во фоајето до крајот на оваа седмица. Упатуваме апел да помогне кој колку може.

Сочувствуваме со граѓаните на Драч, Тирана и цела Албанија!

Ќе ви се допадне