Тексас јакна е меѓу омилените парчиња облека на многу девојки. По неколку сезони, таа повторно се враќа во мода. Тексас јакната може да се вклопи во секаква комбинација. Одлично оди со фармерки, хеланки, куса или долга сукња. Може да е со крзно или без, куса или подолга. Може да ви е дури и два броја поголема, пак ќе биде во мода.