Под претпоставка дека моментално сте слободни, веројатно размислувате за тоа каков би можел да биде вашиот следен партнер. Ваков – не!
Тип кој е роден да дава забелешки
На овој маж никогаш ништо нема да му биде доволно, или ќе го нервирате што прегласно се смеете, или ќе смета дека сте преамбициозни, претерано тивки и сл.
Не ви треба личност од која на секој ваш обид да бидете она што навистина сте, ќе добиете забелешка. Ваквите мажи се класични убијци на самодовербата.
Маж кој е емоционално оштетен
Сосема е реално да очекувате дека ќе сретнете маж чие срце било скршено од некоја девојка. Но вам не ви треба тип кој сака неговото срце да биде излечено.
Тој навистина ужива во тоа да пати и никого да не пушта да му пријде. Сака да се трудите околу него и постојано да ве турка од себе. Со ваквиот тип само ќе губите драгоцено време.
Тип кој повеќе го сака спортот од вас
Повеќето мажи во некој начин ќе ја откријат саканата љубов која ја имаат спрема спортот. И тоа е сосема во ред. Меѓутоа ако нему спортот му е на прво место, и ако не е тука за вас во моментот кога навистина ви треба, затоа што има натпревар на ТВ, едноставно заобиколите го. Не е вреден за вашиот труд.
Маж кој е склон кон анализи
Овој тип во најмала рака себеси се смета за Фројд. Тој го анализира секој ваш чекор, реченица и мисла. Врз основа на сладоледот, тој заклучува каква личност сте.
Она што го издава е самозадоволувачката насмевка и обидот да ви „залепи“ некоја етикета. Најлошо од сè е тоа што ваквиот тип ќе се обиде да ве – поправи.
Претерано згоден фраер
Знаете сигурно за каков маж станува збор. Оној крај кого и покрај најголемиот труд да изгледате убаво, ќе се чувствувате како грдото пајче.
Неговите чекори додека ја поправа својата коса, вниманието да не ја извалка кошулата додека сте на состанок, имањето беспрекорно чисти патики ќе го издадат и ќе ви сигнализираат дека треба да избегате од него што подалеку. Не ви треба маж со понежна кожа од вашата.
Г-дин „Подобар сум од сите“
Ова е оној посебен тип маж кој се чувствува моќно и извршно во однос на сите околу себе. Тој никогаш нема да ви упати искрена насмевка, ниту ќе ве пофали по некој повод
Со него со тек на време и вие ќе почнете да ги гледате другите како помалку вредни. Да биде работата уште полоша, во реалноста овој маж нема ништо со што може поконкретно да се пофали, туку сака да живее во таа лага.