Топ 5 зимски хитови од уличната мода

Најголемите хитови од зимската колекција на брендовите – Zara, H&M и Reserved.

Одлучивме да ви го олесниме пребарувањето по правите модни бисери и за вас избравме топ 5 ствари а кои мислиме дека треба задолжително да си ги набавите.

Zara розе фустан со точки

Овој фустан ќе биде хит пролет-лето 2020, па вреди да го земете веднаш и да заштедите нешто пари.

Zara крзнен капут

Ова е несомнено најмодерното парче оваа сезона. Не е зачудувачки, затоа што ова е една елегантна и многу топла алтернатива на традиционалната бунда.

Миди фустан со дезен

Овој фустан е избор за секој ден. Моделот достапен во брендот Reserved може да се носи и на работа (со чизми и црна торба во XXL величина), но и со свечени модни додатоци кои исто така може да го направат пригоден за некоја венчавка или одење во театар.

H&M џемпер од кашмир

Класичен модел кој вреди да го имате во орманот. Предимензионалните џемпери му одговараат секому – ќе создадете складно дуо со елегантно здолниште од шљокици, фармерки, шорцеви, широки пантолони.

H&M свилена кошула

Безвременската, елегантна и класична кошула може да ја стилизирате на неколку начини. Свилата е племенит материјал кој секогаш изгледа префинето. Сè што треба е да ја искомбинирате кошулата со фармерки со висок струк или миди здолниште.

Scroll to Top