Топ европски гратчиња за урбани патувања

By

Велат дека човек е онолку богат колку што патува. Секоја нова дестинација која ја посетуваме во нас остава неизбежна трага и неверојатен впечаток и токму во тоа е целта на овие патувања.

Ни од еден пат не се враќаме исти – нашите погледи на животот и светот со секој изминат километар барем малку се шират.

Ова се топ седум предлози за оние кои налето преферираат урбани патувања, наспроти долги песочни плажи.

Париз, Франција

На прво место, сосема оправдано, се наоѓа Париз. Престолнината на Франција просто важи за еден од најромантичните градови на светот и ретки се луѓето кои не би сакале да го посетат ова место. Меѓу другото, Париз е секогаш одлична идеја.

Доколку сте во посета на Париз, задолжително посетете ја, поточно, качете се на Ајфеловата кула. Иако има луѓе кои ќе речат дека оваа градба не е „нешто посебно“, погледот кој се нуди од одозгора е неверојатен.

Лондон, Англија, Обединетото кралство

Престолнината на Англија е уште еден град кој секако вреди да се посети поради фантастичната архитектура, култура, но пред сè поради нејзиниот британски шмек.

Амстердам, Холандија

Многу од посетителите се решаваат за оваа дестинација за да пробаат нешто што кај нас сè уште не е легално.

Венеција, Италија

Една од најубавите европски земји е Италија, па токму затоа тешко е да се издвои еден град кој не е прекрасен. Секој италијански град заслужува да биде посетен затоа што содржи нешто кое ќе ве остави без здив, на нашиот список овој пат се најде Венеција, град кој е сосема ослободен од моторниот сообраќај. А возењето со гондола долж каналите и прекрасните градби навистина треба да се доживее.

Барселона, Шпанија

Еден од најубавите шпански градови, меѓу топ дестинациите за ова лето е Барселона. Одлична е за сите љубители на фотографијата, бидејќи изобилува со одлична архитектура (особено градбите кој ги осмисли Антонио Гауди), но и прекрасната песочна плажа каде можете да уживате во освежувачкиот мирис на морето.

Прага, Чешка Република

Главниот и најголемиот град на Чешка ќе ве воодушеви со својата архитектура и „старинскиот“ дух. Ова е еден од најсочуваните големи градови на Европа и се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Прага која е инаку позната како „златниот град“, е град на мостови, катедрали, златни кули…

Будимпешта, Унгарија

Будимпешта се смета за кралицата на Дунав, а со оглед на тоа дека е доста блиску до нас, можеби е вистинско време да ја посетите. Секако е најпозната по прекрасните мостови, но и по единствената архитектура чија старост стига и до периодот на античкиот Рим. Освен тоа, и современите градби се воодушевувачки, особено Палатата на уметноста.

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Legends of the Dark King: A Fist of the North Star Story (Dub) Episode 13

https://aniwatch.pro anime. Hiiro no Kakera: The Tamayori Princess Saga Season 2 Episode 13

Watch anime online for free at 4Anime 4anime safe. Watch Rock'n Roll Kids Episode 42

KissAnime Connect: https://connect.garmin.com/modern/profile/632c1172-7170-4197-96fe-c880fe6bff83