Торбата од Зара која изгледа како дизајн на некој ексклузивен бренд

Зара често пати е инспирирана од легендарните и многу ексклузивни модели на најпознатите светски дизајнери. И тоа не е тајна. Како резултат на тоа, не само што значајно се разликува од останатите популарни брендови, туку можете да бидете сигурни дека нивната облека и модните додатоци во потполност се во склад со моменталните трендови.

Исто така не морате да потрошите илјади долари на додатоци од познатите модни куќи за да би имале тренди чанта. Во Зара пронајдовме модел сличен на чантата на Ботега Венета, во која се заљубени хероините од уличната стилска хроника.

Овој модел од Зара нè воодушеви од првиот момент. Сега, кога е во продажба, таа не искушува уште повеќе. Додека цената на чантата Зара е околу 50 евра, оригиналната Ботега Венета чини 5,5 илјади евра. Разликата е огромна, а дали толку навистина се разликуваат по изгледот?

Ако ги споредиме, ќе забележиме дека едната има водорамни, а другата дијагонални штепови. Покрај останатите ситни детали, како што е завршната обработка на рачката, нема значајна разлика меѓу нив. Обата модели се навистина преубави!

Торбите изгледаат преубаво во секоја боја, но класичната боја го украде нашето срце.

Scroll to Top