Tри лавчиња се родија во скопската Зоолошката градина по над 20 години. Веста ја соопшти Град Скопје и вработени од скопкста ЗОО. Директорот на Зоолошката Кристијан Стаменов рече дека лавчињата се стари неколку дена, а посетителите ќе може да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ живеалиште. Град Скопје најави дека скопјани ќе може да учествуваат во изборот на имињата на лавчињата.