Ако правилно ги негувате и обликувате трепките и веѓите, можете да изгледате и десет години помлада.
Нега на трепките и веѓите
Трепките се обновуваат на неколку седмици. Домашната нега на трепките порано вклучуваше редовно нанесување рицинусово масло. Тоа може да биде корисно, но е и доста непрактично, оти сигурно не сакате замастени, матни и подуени очи. На пазарот постојат препарати кои го гарантираат поттикнувањето на растот на трепките. Потребен ви е гел за трепки кој се користи како маскара и туш, долж линијата на растот на трепките, наутро и навечер на исчистена кожа. По четири седмици трепките стануваат погусти, потемни, понавиткани и подолги.
Симнување на шминката
Ако носите водоотпорна маскара немојте да потребувате беби масла за симнување на шминката бидејќи тие не одговараат на кожата. Одберете безмасен препарат наменет за отстранување шминка од очите кој нема да мора да го плакнете со вода.
Продолжување на трепките
Трепките се продолжуваат со маскари, вештачки трепки или посебни влакна кои се нанесуваат на трепките и им даваат погуст и подолг изглед. Вештачки трепки можете да најдете во разни големини и бои. Но ако тоа го нарушува изгледот на вашето лице, не одбирајте ги најдолгите.
Маскара
Нанесувањето маскара означува и крај на шминкањето. Зависно од тоа дали сакате подолги или погусти трепки, одберете таква која им дава волумен или визуелно ги издолжува. Најпрво намачкајте ги долните трепки. Горните трепки прво намачкајте ги одозгора, па одоздола. Меѓу двата слоја маскара трепките расчешлајте ги со сува четка што сте ја сочувале од истрошената маскара. Не ставајте повеќе од два слоја маскара ако не саката да ви се размачка и да ви се направат грутчиња. Ако сакате да ги нагласите и истакнете очите, тогаш нанесете и туш над горните трепки.
Цртање на веѓите
Веѓите можете да ги доцртате со моливче, но секогаш одберете една нијанса посветла од природната боја. Можете да нанесете малку сенка и со четкичка врз веѓите. И во овој случај можете да користите препарат за поттикнување на растот на веѓите. Но можете да најдете и препарати во вид на гел кои во себе содржат влакненца во кафена, црна или жолта боја, кои визуелно ги згуснуваат веѓите, а навечер се отстранува со отстранувач на шминката.
Виткање на трепките
Виткачите на трепки помагаат тие да добијат подолг и погламурозен изглед, а воедно погледот го прават позаводлив. Механичките виткачи треба да ги држите 10 секунди на трепките, а веднаш по навиткувањето треба да нанесете маскара. Но постојат и виткачи на батерии кои работат на ист принцип како „фигарото“ за коса. Ефектот со виткачите што работат на батерии е подобар и побрз.