Тројца италијански фудбалери заразени од коронавирус

Тројца италијански фудбалери се заразени од коронавирус. Ова го потврди член од клубот во италијанската фудбалска Серија Ц лига, Пианесе, кој објасни дека покрај тројцата фудбалери, заразено е и уште едно официјално лице од фудбалскиот клуб.

„Во овој момент инфицирани се четворица, тројца фудбалери и едно официјално лице на Пианесе. Првиот заразен е млад играч кој почна да добива покачена температура и главоболка во саботата, кога тимот гостуваше во Алесандриа. Вториот играч веќе е во карантин во својот дом и засега не покажува никакви симптоми, додека третиот покажува знаци на треска. Четвртото лице е тестирано позитивно, и тој е официјално лице на клубот кое ова утро со амбулантно возило е пренесен во болницата во Сиена“, стои во соопштението од италијанскиот клуб.

Инаку, во Италија од вирусот Ковид 19 досега се заразени 889 лица, 21 починаа, 46 лица се сметаат за излечени.

Scroll to Top