Црна венчаницa е новиот тренд!

Неконвенционалните венчаници стануваат се почест избор на невестите, но една 26 годишна невеста од Мелбурн oдлучила да биде сосема спротивна од традицијата, а сепак своја и оригинална.

Софи Кочиа за својата венчавка се одлучила за елегантна црна венчаница бидејќи како што вели во бела се чувствувала како на маскенбал.

„Не го направив ова за да привлечам внимание и да ме паметат како девојката која носеше црн фустан на венчавката. Сакав само да носам фустан во кој се чувствувам убаво“ рекла таа и додала дека самоуверена и задоволна може да биде само со таков избор.

„Секогаш носам црно, мислам дека ми прилега оваа храбра и силна боја“ рекла таа. Нејзиниот сопруг одлично се надополнува со нестандардниот изглед, а посебент печат е вратоврската и кожените панталони.

Покрај нив облечени во црно се и девериците, а пак контрасното цвеќе придонесува за ултра ефективен впечаток од целината.

Гостите не биле многу изненадени кога ја виделе и според нив не е ништо чудо, туку напротив оригинално.

Scroll to Top