Турција го отвори најдолгиот висечки мост на светот по пет години изградба

Турција го пушти во сообраќај мостот „Чанаккале 1915“ по пет години изградба. Мостот од 4.608 метри со тоа стана најдолгиот висечки мост на светот. Негов најдолг распон изнесува 2.023 метри. Висечки мост со најдолг распон на светот досега беше „Акаши каикјо“ во Јапонија, со 1.992 метри. Бетонската структура на мостот е поставена на црвени кули, кои се високи 318 метри.

Мостот е именуван според годината на важна отоманска поморска победа против Британија и Франција во Првата светска војна. „Чанаккале 1915“ поминува над протокот Дарданели, кој ги поврзува Егејското и Мраморното Море. Се очекува 45.000 возила дневно да поминуваат преку мостот.

Scroll to Top