Цанг Јин Хунг, поранешна учителка од Хонгконг, постави нов рекорд за искачување на Монт Еверест и стана жена која најбрзо се искачила на овиј планински врв. На 45-годишната Цанг ѝ требале 25 часа и 50 минути за да стигне од базниот камп до највисокиот врв на светот. Таа го подобри досегашниот рекорд за повеќе од 12 часа.
„Се чувствувам среќно и исполнето, зашто целта не ми е да соборувам рекорди, туку да се предизвикувам себеси“, изјавила Цанг по враќањето.
Претходниот рекорд во 2017 година го постави непалска планинарка.
Планинарите вообичаено поминуваат неколку дена во различни кампови пред да стигнат до врвот. Цанг рекла дека за рекордот се заслужни нејзината способност, тимска работа и среќа, но тој сепак не ѝ бил приоритет. На патот кон врвот направила само две паузи за да ја смени облеката.
Цанг првпат го искачила Еверест во 2017 година, како прва жена од Хонгконг на која ѝ успеало тоа.