Украдените и изгубени епл-телефони повеќе нема да може да се поправаат

Од компанијата Apple одлучија да спроведат нови безбедносни мерки според кои ниту еден iPhone кој сопствениците ќе го означат како украден или изгубен, повеќе нема да може да се поправа.

Според информациите кои ги пренесе сајтот MacRumors, интернниот допис од компанијата Apple е со инструкции до вработените дека не смеат да ги поправаат телефоните кои биле означени како украдени или сопственикот го онеспособил од некоја далечна локација.

Експертите веруваат дека од компанијата се одлучила на ваков чекор за да ги обесхрабри крадците, со оглед на тоа дека овие телефони најдолго ја имаат задржано својата вредност. Apple е познат по безбедносните мерки кои ги имплементира на своите телефони, а една од нив е можноста за закључување на мобилниот од некоја далечна локација.

Вака заклучениот телефон Activation Lock е врзан за налогот на својот сопственик и е невозможно да се отклучи без него, барем преку легални канали. Заклучениот iPhone единствевно може да се отклучи преку налог на сопственикот или преку некој кој има пристап до GSMA регистарот.

Тоа се препродавачите на Apple или луѓе кои го промениле статусот на овие телефони во регистарот за пари. 

Кога некој iPhone е украден, тој е означен во регистарот на уреди GSMA, која претставува меѓународна база на податоци што содржи информации за украдени и изгубени телефони.

Регистарот GSMA се потпира на IMEI кој е единствен за сите уреди и кој им овозможува на компаниите како Apple да проверат дали телефонот е означен како украден или изгубен кога е однесен на поправка.

Apple претходно одби да ги поправа телефоните на iPhone кои биле изгубени или украдени, но само кога на нив била активна опцијата Find My. Сега листата на услови се проширува, што значи дека украдените или изгубените телефони потешко ќе се продаваат, особено ако имаат одредена штета.

Scroll to Top