Веганска козметика за убава кожа

Веганска козметика создадена без алкохол, мириси, вештачки бои, минерални масла, есенцијални масла или хемиски заштитни фактори е новиот хит во светот. Производите се направени на база на природни состојки, со помалку вода, што ја зголемува и зајакнува концентрацијата на активните состојки и пигментите во козметиката, велат експертите за убавина. Ваква линија за нега на кожата промовира и „Авон“, колекцијата Destillery, која вклучува пет производи со високо-квалитетни вегански состојки.

Веганските производи за нега на кожата, кои вклучуваат дневна и ноќна крема, балсам, детоксцирачко масло за лице и пудра во прав со чист витамин Ц, содржат масло од кајсија, масло од јојоба, фитол, витамин E. Сите овие состојки, велат експертите, кои помагаат побрзо да се прочисти и обнови на кожата на лицето.

Веганската козметика е соодветна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и најчувствителната, а може да ја користат жени од сите возрасти.

Scroll to Top