(Видео) 89-годишен доставувач на пица доби 12.000 долари бакшиш

Дерлин Њуви, кој на 89 години работи како доставувач на пица, доби бакшиш од 12.000 долари од еден од неговите клиенти. Тој работи 30 часа неделно во ресторанот „Папа Џонс Пица“ за да му помогне финансиски на семејството.

Овој месец тој му доставил пица на популариот тиктокер Карлос Валдес и во муабет му ја раскажал својата животна приказна, без да знае со кого разговара.

Валдес преку ТикТок ги повикал неговите следбеници да соберат пари за Њуви. Па кога старецот пред неколку дена повторно му доставил пица, Валдес му ги дал собраните 12.000 долари. Видеото потоа беше споделено на социјалните мрежи, а за хуманиот гест на тиктокерот пишуваа и американските медиуми.

Scroll to Top