(Видео) Амерканската лизгачка откри дека нејзин колега сакал да ја силува

Американската лизгачка Ешли Вагнер неодамна ја заврши професионалната кариера, а година дена подоцна, открива дека била сексуално нападната од нејзин колега.

Ешли открива дека за време на една забава во американски национален камп, таа за прв пат пробала алкохол, а подоцна била нападната од нејзиниот колега.

„Тогаш наполнив 17 години и одлучи за прв пат да пробам алкохол. Кога забавата заврши, не можев да се вратам во хотелот, па одлучив да спијам во кампот. Следно на што се сеќавам е дека некој лежеше покрај мене. Тоа беше мојот колега тогаш 22. годишниот Џон Каглен. Почна да ме бакнува по вратот и да ме силува“, вели Ешли.

За среќа Вагнер брзо се освестила и почнала да вика. Успеала да се ослободи од Каглен, кој пред две години исто така бил пријавен за напад врз друга девојка Бриџит Намиока. Покрај нив две, уште други две девојки го обвиниле Каглен за сексуално злоставување. Девојките кои го пријавиле, сакале да останат анонимни.

Scroll to Top