Француското дуо кое создаваше електронска музика, „Дафт Панк“, основано 1993 година, ја заврши својата кариера, потврди во понеделникот нивната агентка, откако објавија видео на „Јутјуб“.
Осумминутната снимка „Епилог“ презема сцени од нивниот филм „Електрорана“ од 2006 година и го прикажува дуото, што го сочинуваат Тома Бангалтер и Ги-Мануел Омем-Кристо, во роботските костуми во пустина. Видеото завршува кога еден од роботите експлодира, а на дисплејот се покажува „1993-2021“.
Дуото „Дафт Панк“, Бангалтер и Омем-Кристо, го основаа во Париз во 1993 година, и набрзо со својот француски звук ја освоија публиката. Првиот албум Homework од 1997 година и хит-синглот Around The World, им ја обезбедиja светската слава. А името на бендот го избрале така што едноставно го преземале епитетот од реномираниот британски магазин.
Дуото познато по настапите под роботски кациги работеше цели 28 годони, а пошироката меѓународна слава ја стекнаа кога нивната песна Harder Better Faster Stronger од 2008 година беше номинирана за најпрестижната музичка награда Греми во категоријата најдобра денс-песна.
Најуспешниот албум им беше Random Access Memories, награден со Греми во 2013 година, а синглот Get Lucky, направен во соработка со американскиот музичар Фарел Вилијамс, беше прогласен за песна на годината.