На стадионот во Москва, Русија и Саудиска Арабија го отворија Мундијалот. Преходеше свечена церемонија. Русите добро се подготвија за настанот. Никој не остана рамнодушен на отворањето. Беше ангажиран пејачот Роби Вилијамс и домашната оперска ѕвезда Аида Гарифулина, но и Бразилецот Роналдо, промотерот на ова Светско првенство.
Се беше направено за да делува спектакуларно.
16.54 – Политичката елита во ложата
16.50 – Џентлменски гест за оперската дива
16.40 – Пејачкиот пеформанс предизвика воодушевување.
16.30 – Текот на свеченото отворање на Мундијалот!
Танчари и жонглери во боите на репрезентациите-учеснички, британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс и руски класични музичари, вклучувајќи ја и сопранистката Аида Гарифулина, се изменуваа во настапите на теренот на стадионот „Лужники“ во Москва, најавувајќи го почетокот на 21. Светско фудбалско првенство.
Самата церемонија на отворањето траеше едвај 15-ина минути, а симболичниот прв удар на првенството го изведе двократниот светски првак Роналдо со помош на едно момче, додавајќи ѝ на маскотата, волкот Забивака. Пред тоа, топката на теренот ја донесе руската манекенка Викторија Лопирева.
За првпат во историјата на светските првенства, ќе се користи видео-технологија за проверка на спорни ситуации.
Домаќините очекуваат над еден милион странски навивачи да дојдат во Русија за време на Мундијалот, во чија организација биле вложени 11,6 милијарди долари.
„Не верувам дека Русија ќе направи голем резултат. Мои фаворити се Шпанија, Германија, Аргентина и Бразил“, кажа рускиот претседател Владимир Путин минатата недела.
Not long to go, now!
Follow the #RUSKSA Live Blog on https://t.co/zJTWWlvUsi 👇
— FIFA World Cup 🏆 (@FIFAWorldCup) 14 June 2018
16.07 – Познати составите за Русија и Саудиска Арабија
Русите ќе ја бркаат првата победа во состав: Акинфејев, Фернандеш, Кутепов, Игњашевиќ, Жирков, Газински, Зобнин, Самедов, Головин, Џагоев, Смолов
На спротивната страна се Ал Мујауф, Ал Бурајк, Ал Давсари, Ал Фарај, Ал Јасим, Ал Шарани, Ал Шехри, Хасвани О, Хавсави, Отајф.
15.26 – Карневалот во Москва
Атмосферата е карневалска, секаде има знамиња од сите држави учесници на Мундијалот.
15.15 – Дејан Станковиќ во улогата на амбасадор
Познатиот српски фудбалер Дејан Станковиќ исто така е на отворањето како амбасадор на ФИФА. Во друштво е со некогашниот соиграч Самуел Ето, со кого играше во дресот на Интер.