(Видео) Кина го отвори својот најдолг подводен автопат, долг над 10 километри

Кина го пушти во сообраќај својот најдолг подводен автопат по четири години изградба. Автопатот долг 10,79 километри, поминува под езерото Таиху во источната провинција Џијангсу, 50 километри источно од Шангај. Тунелот има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангце.

Изградбата чинела над една и пол милијарди долари и биле искористени два милиона кубни метри бетон. Тунелот има шест ленти и е широк 17,45 метри. Таванот е опремен со лед светилки во разни бои за да се спречи замор кај возачите. Тој е дел од 44 километри долгиот автопат, што се отвори лани на 30 декември.

Најдолгиот подводен автопат во светот е 14,3 километри и се наоѓа во Норвешка, а и ги поврзува градовите Ставангер и Странд.

Scroll to Top