Индијката Насрен Ахтар која живее во Велика Британија е осудена на две години затвор затоа што ги лажела социјалните служби дека е самохрана мајка со инвалидитет со што го оштетила буџетот за 300.000 евра.
Таа од 2002 година до 2013 година тврдела дека е премногу болна за да работи. Службенците од Одделенито за работа и пензија, во 2012 година почнале со истрага против неа. Полицијата упаднала во нејзиниот стан и ја затекнале како се забавува со непознат маж, а потоа била видена како игра на свадба.
Надлежните органи изјавиле дека станува збор за сложен случај со измама, во кој осомничената успеала да извлече парична корист далеку поголема од просекот. Насрен која на почетокот ги негирала обвинувањата, на 7. октомври пред судот ја признала измамата. Таа ги признала обвиненијата по седум точки од обвинувањето, пишува „Би-Би-Си“. Во време на истрагата било утврдено дека таа ги излажала надлежните служби, дека ѝ биле потребни пари за кирија. Службите утврдиле таа живеела со својот партнер, кој бил сопственик на куќата.
Социјалните работници нагласиле дека случаите како овој, само дополнително ги одвраќаат луѓето кои сакаат искрено да помогнат на оние кои навистина им е потребна помош.