Клер, мајката на фудбалерот на Манченстер сити, Фил Фоден, била директен учесник во тепачка во ноќен клуб, пренесуваат англиските медиуми.
Фудбалерот по поразот на Сити од Тотенхем во Премиер лигата заминал во ноќен клуб во Манчестер заедно со неговата мајка. Но за кратко време настанал хаос, откако неколку навивачи почнале вербално да го напаѓаат Фоден. Навредите ги слушнала и мајка му, која веднаш тргнала физички да се пресмета со нив. Откако турнала еден од нив, таа добила силен удар од кој паднала на подот, по што настанала масовна тепачка.
Phil Foden appears to have been involved in a fight which started with a man hitting his mother at a night club.
Foden attempts to leave the scene, by entering another room, but a man hits his mother just a few seconds later.
Cc @Mick_Birchall pic.twitter.com/xLxjn6HZqN
— London & UK Crime (@CrimeLdn) February 20, 2022
При тепачката, во која наводно учествувал и фудбалерот, интервенирало и обезбедувањето. Некои медиуми пишуваат дека биле искористени и противпожарни апарати.
Тепачката била прекината од обезбедувањето, а англиските медиуми пишуваат дека во неа учествувал и фудбалерот.