Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров Сицилија, еруптира и исфрли големи количества лава, чад и пепел од југоисточниот кратер.
Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци.
Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли спорадични рафали од лава и пепел.
Меѓународниот аеродром во Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, сè уште е отворен за воздушен сообраќај, но се очекува кризниот штаб, кој заседава, да го затвори поради големото количество пепел исфрлено од вулканот.
Медиумите на Апенинскиот Полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.